strumica denes logo

Продолжува периодот на претежно сончево време со посвежи утра и постепен пораст на дневната температура

Автор:

Датум:

септември 19, 2025

Автор:

Датум:

септември 19, 2025

Продолжува периодот на претежно сончево време со посвежи утра и постепен пораст на дневната температура.

Во наредните три дена, Македонија ја очекува претежно сончево и стабилно време, со постепен пораст на дневните температури.

На 20 септември (сабота), утрото ќе биде ведро и посвежо, а преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 5°C до 15°C, а максималните од 25°C до 31°C.

Во недела, 21 септември, времето ќе остане ведро и топло. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринските температури ќе бидат од 6°C до 15°C, додека дневните ќе достигнат 26°C до 32°C.

На 22 септември (понеделник) се очекува претежно сончево време со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од 6°C до 16°C, а максималната ќе достигне 28°C до 33°C.