strumica denes logo

Пад на интересот: Македонците веќе не „трчаат“ по бугарски пасош!

Автор:

Датум:

септември 15, 2025

Автор:

Датум:

септември 15, 2025

Во последните години се забележува намалување на бројот на Македонци кои стекнале бугарско државјанство. Според отчетот на Комисијата при потпретседателката Илијана Јотова, минатата година околу 1.700 граѓани на Македонија добиле бугарски пасош, што ги стави на четвртото место зад Украинците, Турците и Молдавците.

Во 2024 година, водечките државјанства ги добиле Украинците со 2.436, Турците со 2.163 и Молдавците со 1.887 лица. Македонците веднаш ги следат Албанците, а потоа следуваат граѓаните на Србија, Русија, Израел, Сирија и други. Најдалечна држава од која граѓани добиле бугарско државјанство е Аргентина со 108 случаи.

Во првата половина на 2025 година, вкупно 6.581 странци добиле бугарски пасош, а од 2019 година до 30 јуни 2025 бројот достигнал 87.305. Поради големиот интерес, кон крајот на јуни, Владата во Софија ја зголеми таксата за добивање или обновување на бугарското државјанство од 30 на 300 лева, што е повеќе од 150 евра.