ВМРО-ДПМНЕ Струмица започна нова акција под мотото „Предложи – вистинската идеја за општина Струмица!“. Со оваа иницијатива партијата ги повикува граѓаните активно да се вклучат и да ги изнесат своите предлози за подобар живот и работа во општината.
Акцијата започна во петокот, 29 август, а продолжи во сабота. Денеска штандот ќе биде поставен пред споменикот на Благој Јанков Мучето. Во понеделник, 1 септември, граѓаните можеа да ги достават своите идеи пред Комерцијална банка, а во вторник, 2 септември, пред поранешен Тинекс. Активноста ќе заврши во среда, 3 септември, со поставен штанд пред ТЦ „Глобал“.
Од ВМРО-ДПМНЕ Струмица порачаа дека целта на оваа акција е граѓаните да бидат дел од процесот на креирање политики и проекти, кои ќе значат подобрување на секојдневието и развој на локалната заедница.