Според метеоролошката прогноза, во петок (29 август) не очекува сончево и топло време со слаб до умерен јужен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 8 до 17 степени, а максималните ќе достигнат меѓу 30 и 38 степени.
Во сабота (30 август) времето ќе биде претпладне сончево со умерена облачност, но попладне и во текот на ноќта ќе настапи нестабилност проследена со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Минималните температури ќе бидат од 10 до 18, а максималните од 27 до 35 степени.
Неделата (31 август) ќе донесе променливо облачно време со услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе се движат од 12 до 20 степени минимални, а од 25 до 33 степени максимални.