Денеска времето во земјава ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Во попладневните часови, особено во планинските региони, ќе има услови за појава на локален, краткотраен слаб дожд.
Температурите ќе бидат во рамките на просекот за овој период од годината, а стабилното и топло време ќе овозможи поволни услови за активности на отворено.