strumica denes logo

Нестабилно време денеска, стабилизација од среда, за викенд повторно дожд!

Автор:

Датум:

август 19, 2025

Автор:

Датум:

август 19, 2025

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степени Целзиусови.

Според прогнозите на УХМР, од среда до петок се очекува стабилно време со пораст на дневните температури. Во деновите од викендот повторно ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи, а дневните температури ќе бидат во опаѓање.