strumica denes logo

СДСМ-СТРУМИЦА ВОЗВРАТИ НА РЕАКЦИЈАТА: Од празни зборови, дела не бива

Автор:

Датум:

август 15, 2025

Автор:

Датум:

август 15, 2025

СДСМ-СТРУМИЦА:

Почитувани граѓани

На безидејноста на ВМРО ДПМНЕ и нема крај.

Наместо нешто да понудат, тие критикуваат во празно.

Најпрвин да ги потсетиме дека општина Струмива ја има локалната власт предводена од СДСМ, сите овие години благодарение на граѓаните кои ја препознале таа опција како најдобра.

Со сите сили и инструменти кои сте ги имале во ваше владеење, успеавме да ве победиме со конкретни идеи и понатаму преточени во дела, а ќе ве победиме и на овие избори.

Идниот градоначалник на општина Струмица, Марјан Даскаловски колку има придонесено и реализирано во општина Струмица, на пола да имавте вие сега ќе бевте можеби и некој фактор.

Од нови градинки, реновирани школи, спортски сали, културни манифестации, плоштади, паркови, осветлување, нови водовдни и канализациони мрежи, па до мал милион средби и решавање на проблеми на граѓаните.

Вака само вашите празни пи-арски соопштенија можат да го потсетат народот колку има изградено СДСМ во Струмица, а колку ВМРО ДПМНЕ, резултатот е 100:0.

Ве повикуваме да излезете од вашиот штаб, да прошетате низ општина Струмица, да ги посетите сите села и да прошетате по струмичките улици, па потоа отидете и низ други градови и села низ Македонија, па ќе увидете зошто СДСМ е 20 години локална власт во Струмица и зошто Струмица е 20 години напред пред другите општини.

Од празни зборови, дела не бива.

На крај, старите велат фалбата е рѓа… а за жал вие во овие 20 години немате со ништо што да се пофалите, освен со силна изолација на Струмица кога бевте централна власт и сега борба за наводна градоначалничка фотелја во внатрепартиските органи.

Ете толку имате направено за Струмица.

Затоа, прво решете си го статусот на кандидат за градоначалник, па после тоа ќе се соочиме кој и колку има дадено и направено за општина Струмица.