Петар Јанков, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Струмица:
Нашата прекрасна Струмица е како жив организам – со своја историја, енергија и многу способни луѓе кои секојдневно ја обликуваат. Сепак, верувам дека Струмица може да биде многу повеќе од тоа што е денес. Затоа што Струмица има многу кадар. Затоа што многумина веќе покажуват способност, а други треба допрва да добијат можност. И особено затоа што мора да се искористи поддршката од Влада која е силно заинтересирана за прогрес. Можеме да изградиме општина во која младите остануваат, семејствата просперираат, стопанството работи, а природата е заштитена.
Реалноста, мора да се признае е поинаква.
Премногу време се троши на ветувања кои не се исполнуваат, а премалку на дела кои го менуваат секојдневието на луѓето. Наместо визија, гледаме импровизација. Наместо развој, гледаме застој.
Потребни ни се луѓе кои обединуват, луѓе кои се двигатели во работата и гледат позитивно на иднината.
Струмицa со иднина мора да значи дека: сме обезбедиле чиста и безбедна вода за сите, дека сме ја изградиле како зелена со паркови и чист воздух, сме ја претвориле во центар на култура и туризам, сме вовеле дигитални услуги и поддршка за младите и бизнисите.
Да изградиме град со срце за сите – без исклучок.
Најпрвин водата – таа е изворот на животот.
Во 21 век, никој не треба да се соочува со проблеми со водоснабдување или нефункционални канализациони системи. Водата мора да биде безбедна, достапна и за домаќинствата и за земјоделците.
Понатаму, зелените површини.
Секој квадратен метар зеленило е инвестиција во здравјето на граѓаните. Потребни ни се одржувани и нови паркови и рекреативни зони. Да се погрижиме сите воздухот да биде чист, а јавните простори уредени и безбедни. Да не дозволиме бетонизацијата да ја уништи нашата природа.
Културата да биде двигател на туризмот.
Струмичката 7.000 годишна историја, познатиот карневал, вкусните хранливи продукти, старите градби и нашата историја се нашата гордост. Но, тие се и нашата можност да привлечеме туристи, да отвориме нови работни места и да ја претвориме Струмица во центар на културниот туризам во регионот.
Дигитална и модерна Струмица.
Сите услуги треба да ни бидат достапни од телефон или компјутер. Електронски системи за аплицирање и плаќање, бесплатен Wi-Fi во јавни простори и поддршка за стартапи и ИТ компании. Струмица да чекори со светот.
Струмица со срце за сите.
Ниту еден граѓанин не смее да биде заборавен. Потребна е социјална поддршка за стари лица, лица со попреченост и семејства во ризик. Сите да се вклучиме во работата на локални здруженија за да изградиме заедница каде што секој има своја вредност и место.
Редица од вакви размислувања ја комплетират нашата визија и, тие стануват наша обврска. Верувам дека заедно, со љубов кон нашата заедница и со почит кон традицијата, можеме да изградиме Струмица на иднината со душа од традицијата.
Време е да ја преземеме одговорноста и да кажеме:
Потребна ни е промена – СЕГА.
Не утре, не во некоја иднина која никогаш не доаѓа. Сега е моментот да застанеме како заедница и да избереме нов правец.
Сега е време е на промени !