strumica denes logo

СДСМ-СТРУМИЦА возврати на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ Струмица!

Автор:

Датум:

јули 28, 2025

Автор:

Датум:

јули 28, 2025

СДСМ-СТРУМИЦА:

Почитувани,

ВМРО ДПМНЕ се без идеја, без концепт, без идеологија.

Со нивното соопштение, само потврдија дека правдата е селективна.

70% од соопштението е во контекст на гонење неистомисленици, односно монтирање кривични пријави против се што е СДСМ или неопределено.

Во една година власт им бегаат по граници, пукање по улици, неконтролирани пожари, сомнителни тендери, кражби, ароганција и само лаги.

За рејтингот на Марјан Даскаловски воопшто да не се грижат, народот секојдневно гласно го кажува мислењето, а тоа сигурно ги разбранува нивните апетити.

Наспроти тоа, би било добро да излезат од штабот и внатрепартискиот раскол околу нивните кандидати да го истакнат јавно, да дадат име и презиме, па да мераат рејтинзи!

Со ВМРО ДПМНЕ на власт од криминал се помилувани само нивните членови и функционери, симптоматично!?

Очигледно е дека не го применуваат Законот, туку само го користат за сеење страв и монтирање кривични пријави.

Ваквото авторитарно однесување укажува дека се затворени во кругот и опиени од власт и моќ, па ја користат државата како инструмент за политички реваншизам.

Народот сака повисоки плати, мирни улици, спокоен живот.

Ветувавте дека граѓаните ќе бидат горди, но засега се само уплашени и никогаш посиромашни.