Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во советот на општина Струмица:
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Струмица, четири години наназад укажувавме на катастрофалното раководење на Костадин Костадинов со општината.
Денес, кога и СДСМ објавува нов кандидат за градоначалник, се потврдува она што го зборувавме од самиот почеток – Костадинов не само што не ја водеше Струмица како што заслужува, туку ја доведе до работ на пропаст.
Општина Струмица со години тоне во долгови, нереализирани проекти, запоставена инфраструктура и разочарани граѓани. Го гледавме тоа и јавно го зборувавме, дури и кога мнозинството се обидуваше да нè замолчи.
Сега е време за одговорност. Нема повеќе оправдувања, нема повеќе игри со судбината на струмичани. Нашиот град заслужува подобро, заслужува вистинска грижа, чесно и транспарентно управување и визија за иднината.
Доаѓаат подобри времиња за Струмица. Времиња во кои граѓаните повторно ќе бидат на прво место. Времиња на слобода, по две децении заробеништво под СДСМ и нивните криминални шеми.
Ќе се бориме за слободна Струмица. За нова Струмица. За град достоен за сите нас.