strumica denes logo

Голем успех на учениците од ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица на државните натпревари ЕМСУ во Скопје!

Автор:

Датум:

мај 10, 2025

Автор:

Датум:

мај 10, 2025

Учениците од ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица постигнаа извонреден успех на XLII државни натпревари на електро, машински и сообраќајни училишта (ЕМСУ), кои се одржаа на 8 и 9 мај 2025 година во просториите на СЕТУ „Михајло Пупин“ во Скопје.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Под менторство на своите наставници, струмичките средношколци освоија три први, едно второ и едно трето место, како и две пофалници, при што уште еднаш го потврдија квалитетот на наставата и нивната подготвеност за практична примена на стекнатите знаења.

Во категоријата електротехничар-енергетичар, ученикот Кире Георгиев го освои првото место под водство на професорите Ѓорѓи Данчев и Јосиф Буралиев. Прво место освои и тимот составен од Александар Витанов и Филип Митров (електротехничари-енергетичари), заедно со Кире Ангелов и Кирил Цветков (електротехничари за КТИА), за изработка на стручен труд од областа на електротехниката, менторирани од професорките Марија Мучева-Георгиева и Надица Ристиќ.

Во машинската струка, Панче Апцев, машински техничар за моторни возила, го освои првото место под менторство на професорите Марјан Гоцевски и Никола Диков. Второто место му припадна на Ѓорѓе Димитров, техничар за производно машинство, под водство на професорките Софија Ѓоргиева, Маре Малинова и Јасмина Стојанова. Третото место во сообраќајната струка го освои Марина Трајчова, техничар за патен сообраќај, менторирана од професорот Ѓорги Петров.

Пофалници за своите пласмани добија Мартин Ајтовски, електротехничар за КТИА (четврто место), под менторство на професорите Бошко Николов, Борислав Манчев и Павлинка Стојанова-Тримчевска, како и Марина Паланкова, техничар за транспорт и шпедиција (шесто место), под водство на професорот Борче Јанев.

Овој голем успех е потврда за посветеноста на наставниот кадар и трудољубивоста на учениците, кои со знаење, истрајност и тимска работа успеаја да се искачат на самиот врв на државното ниво. Од училиштето изразија голема гордост за резултатите и упатија честитки до сите учесници, потенцирајќи дека овие достигнувања се силна мотивација за идните генерации.