strumica denes logo

МИЦКОСКИ: Или Македонија или мафијата – Овојпат одиме до крај, 80% од контролираните угостителски објекти ќе бидат затворени, ќе има одговорност и за Модуларната во Тетово и за Беса Транс, да ме држите за збор!

Автор:

Датум:

март 19, 2025

Автор:

Датум:

март 19, 2025

Во екот на расчистувањето на трагедијата во Кочани, премиерот Христијан Мицкоски најави беспоштедна борба со мафијата.

„Нема ништо да оставиме. Тргнавме, нема сега запирање, сега одиме до крај. Или тие, или ние. Во животот постојат две работи – или тој, или ти. Не може двајцата да опстанат, или ние ќе опстанеме, Македонија и граѓаните од една страна, или мафијашите. Нема место за двајцата повеќе. Кога ќе одлучам да влезам во битка, или јас или противникот. Не може двајцата“, порача тој во „Тема на денот“ на Сител ТВ.

„Сите овие случаи кои што ги кажавте одблиску ќе ги следам. Знам во која фаза се и очекувам обвинителството многу јасно да ја прошири истрагата и да го идентификува не само возачот на автобусот или управителот на правното лице, туку да видиме во кој испитен центар кажале дека тој технички е исправен, кој ја дал да тој испитен центар функционира така што функционира. Зошто во модуларната болница е променето министерството од едно во друго кога е правена јавната набавка, зошто кабелот е виновен, кој го направил проектот и дали можеби недостасуваат некои елементи, таму каде што мислам дека недостасуваат. За сето ова ќе има одговор, ќе има разврска.“, вели Мицкоски.