Фатен со мито во рака и приведен е раководителот на секторот за урбанизам во Маврово-Ростуше.
Полицијата денеска го приведе раководителот на секторот за урбанизам на Маврово и Ростуше.
„На ден 19 март 2025 година, ОСОСК, реализираше случај на поткуп при што лишен од слобода е Раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово и Ростуше. Поткупот бил побаран и примен заради ветување дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети“, информираа од МВР.
Барал 13.000 евра и тие пари требало да му ги исплатат на рати.