По најавите дека средношколците ќе протестираат утре во Струмица, директорката на СОУ „Јане Сандански“, преку претседателот на ученичката заедница се обрати до сите ученици:
„Почитувани ученици, како директор на училиштето ви се обраќам преку претседателот на ученичката заедница. По најавите за протести во текот на утрешниот ден, ве информирам дека утре наставата ќе се одвива нормално без никакви отстапувања од редовниот распоред. Секој од вас може да искаже почит кон жртвите, но никако нема да биде дозволено отсуство од часови за спремање транспаренти и слично. Апелирам до сите вас да се држите достоинствено во оваа тешка ситуација и да не заборавите дека пред се’ сте ученици“, стои во соопштението.