Универзитетска професорка и потпретседателка на СДСМ Ана Чупеска „хит“ на социјалните мрежи со изјавата за Илон Маск.
Нејзината изјава во гостување во емисија на ТВ Телма наиде на интересни реакции во јавноста, откако таа откри дека „ѝ се свиѓал“ футуристичкиот Маск.
– Ана Чупеска е феноменален телевизиски продукт. Јас вакви муабети и експресии би гледал секој ден, по цел ден на телевизија, порача новинарот Љупчо Златев.