Зоран Ристов, директор на Струмичкиот затвор:
Почитувани сограѓани,
Иако помина кратко време откако сум именуван за Вршител на Должност Директор на КПУ Затвор Струмица редовно се соочувам со изнесени невистини.
Некои од тие навреди и клевети совен законската ја преминуват и границата на нормалност така што решив да се обратам до институциите и јавноста.
Додека ги извршуваме сложените дневни обврски заради нормално фукнционирање на установа во која се сместени над стотина луѓе приморани сме да трошиме енергија на дезинформации од банален карактер.
Мене ми е јасно точно кој и со какви политички или лични мотиви испраќа пораки и писма до одредени медиуми.
Ве уверувам и Вас истовремено и нив дека јас нема да застанам во моите намери да се искорени корупцијата и некои луѓе кои ја злоупотребиле својата позиција да се најдат пред лицето на законот.
Постојат луѓе кои во недостиг на реални аргументи може да посегнат по многу ниски удари. Искрено, ме згрозува нивниот избор на методи и сретства.
Наводно поради мојот ,,инвалидитет” јас не сум можел да поседувам оружје.
А јас оружје поседувам веќе подолго време бидејќи активно се бавам со лов. Оружјето го поседувам врз основа на уредно издадени дозволи, низ уредно поминати законски процедури.
За сите изнесени клевети и навреди постои законска заштита која јас ќе ја побарам од институциите.
Но, ме загрижува дрскоста и безобразието на луѓето кои во 21 век јавно ми префрлат за ,,инвалидитет”.
После толку интензивна активност на сите наши здруженија за промена и подигање на свеста на нашите сограѓани нашите пораки не стигнале до одредени луѓе.
Јас сум вистински пример дека за оној кој има мотив – нема попречености. Одлично се чуствувам, способен сум да ги остварувам работните задачи и способен сум да се справам со сите криминалци и лажливци.
,,Инвалиди” се оние кои морално паднале и кои немат храброст на правдата да и погледнат во очи!