strumica denes logo

За над 20% поскапување на ноќевањата во хотелите низ Македонија!

Автор:

Датум:

февруари 8, 2025

Автор:

Датум:

февруари 8, 2025

Покрај што немаат добра услуга, па од сега се и со поскапи услуги. Официјалните податоци на Државниот завод за статистика, покажуваат дека кај хотелските ноќевања за една година, односно од јануари 2023 година во однос на јануари 2024 година, поскапеле за повеќе од 20%, или точно 22,1%.

„Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2025 година, во споредба со декември 2024 година, е зголемен за 0.2%.

Храната која се служи во рестораните е блиску 2%, а зголемување на цената има и кај готвените јадења, печените меса и јадењата по порачка. Пјалоците, пак, се зголемиле за 4,5%.