Фејсбук објава на Родителски фронт:
ХЕРА ПИРУВА И СЕЕ МАГЛА МЕЃУ ДЕЦАТА ВО ООУ ,, ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ” КОЛЕШИНО!
Невладината Хера, главната родова организација која се бори за влез на ССО во образованието и која пропагира рана сексуализација на нашите малолетни деца, без било каква согласност од родителите на малолетните ученици во Колешино, во содејство со психологот и наставникот по биологија, држи предавање за превенција од ХИВ и СИДА на деца од шесто до деветто одделение, кои апсолутно не се ниту на пристојна возраст за да слушаат вакви предавања и да бидат индоктринирани со теми кои се главна опсесија на Хера.
За ваквиот влез на невладини организации во училишта, особено со содржини кои се неподобни за деца и без согласност од нивните родители, следува одговорност.
Родителски фронт јавно ги повикува директорот, психологот и наставникот по биологија во ООУ ,,Видео Подгорец” пред целата јавност, особено пред родителите на децата кои се фотографирани, бидејќи и за овие фотографии треба да има, а нема родителска согласност, да одговорат:
– Чиј е предлогот за ваквите предавања и кој од училиштето соработува со Хера, организација чиј извршен директор е Мила Царовска, која е финансирана од Сорос и против која ние родителите бескомпромисно се бориме?
– Кој дозволил и одобрил вакви предавања и со чии овластувања, со оглед на тоа дека не е побарана, а уште помалку пак добиена родителска согласност?
Објавата од петок е тргната од профилната страница на училиштето, но тоа не ја амнестира од одговорност управата на училиштето за сето она што влегло и ги контаминирало главите на малолетните деца, со теми за кои нема согласност од нивните родители.
Го повикуваме градоначалникот на Општина Ново Село г-дин Ѓорѓе Божинов, согласно овластувањата кои што ги има, да спроведе истрага и да ги повика на одговорност сите одговорни за ова соросоистичко фијаско во ООУ ,,Видое Подгорец” во Колешино, бидејќи и самиот како родител од почетокот на оваа борба одлучно застана на иста страна со родителите во заштита на децата од сѐ што е штетно за нивниот психофизички развој и сигурни сме дека овој егзибиционизам е направен ,,под радар”, во манирот на организациите на Сорос.