ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:
ЗА КОСТАДИН КОСТАДИНОВ НЕМАШЕ МЕСТО ВО ИЗВРШНИОТ ОДБОР НА СДСМ
ФИЛИПЧЕ НЕ СМЕТА НА СТРУМИЦА
Иако е еден од ретките актуелни градоначалници од СДСМ, Струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов не е член во новиот состав на Извршниот Одбор на СДСМ.
Матичната партија на Градоначалникот Костадин Костадинов СДСМ сега водена од Венко Филипче не му ја довери можноста да делува како член на Извршниот одбор. Ваквиот потег кај струмичани отвори прашања за внатрепартиските односи во СДСМ. Сигнал за анализите и исходот на претстојните Локални избори.
Почитувани,
СДСМ наскоро ќе ја изгуби локалната власт во Струмица. На струмичани ќе им останат долгови за скапи автобуси, долговите за неплатената вода, проблемите со лошото менаџирање на јавните претпријатија.
После поразот со околу 6000 гласа разлика на претходните избори во Струмица, јасно е каков исход може да имат Локалните избори во 2025 година.
Времето на СДСМ во Струмица е при крај, а за градот и населените места доаѓаат посветли денови.