На ден 15.09.2024 година, во 20:00 часот, на булеварот „Климент Охридски“ во Струмица, полицијата од ПС при ОНТДО на СВР Струмица извршиле контрола на возило од позната струмичка фирма за превоз на патници. За време на контролата, во комбе на бензинска станица било прегледано лице од Струмица, при што биле пронајдени две најлонски кеси со кафеава прашкаста материја, за која постои основано сомнение дека се работи за наркотична дрога – хероин.
Лицето веднаш било лишено од слобода и спроведено во полициската станица за понатамошни истражни постапки и целосно расчистување на случајот, дознава Струмица Денес.