strumica denes logo

527 ТЕЗГИ И 250 ПАРКИНГ МЕСТА – ВО СТРУМИЦА ЗАПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ ГРАДСКИ ПАЗАР, НАЈГОЛЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

Автор:

Датум:

август 26, 2024

Автор:

Датум:

август 26, 2024

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Нека ни е со среќа изградбата на Новиот градски пазар – најголем и најсовремен во државата!

Земјоделците, трговците и граѓаните на Струмица и регионот го заслужуваат најдоброто.

Пред 3 години, како кандидат за Градоначалник ветив пазар и еве почнавме да го градиме и тоа не било каков, туку најголем и најдобар. Уште една потврда дека за мене зборот е збор.

По завршувањето на новиот булевар и првиот булеварски мост во историјата на Струмица, создовме услови за реализација на овој огромен капитален проект на вкупна површина од 43.000 метри квадратни.

Покриениот дел на новиот градски пазар е со површина од 8.200 метри квадратни со 527 тезги за продажба на земјоделски и други производи за широка потрошувачка, а планирани се и 250 паркинг места.

Задоволството од новиот проект денеска го споделивме со земјоделци, советници, соработници и со претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Ова се денови за радост и гордост, по пристигнатите автобуси, го започнавме и новиот градски пазар. Нека ни е со среќа и да се радуваме на вакви убави и големи проекти кои значат подобар живот за сите нас.

Струмица се сака со дела!