На 20.07.2024 во 21.25 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.А.(36) од Струмица и патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.В.(32) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од патничкото возило „пасат“, а со повреди се здобил и возачот З.В., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
ПОВРЕДЕНА МАЛОЛЕТНА ДЕВОЈКА ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО СТРУМИЦА!

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ: