strumica denes logo

ТРЕТ ДЕН ГОРИ ДЕПОНИЈАТА ШАПКАР КАЈ ДОБРАШИНЦИ – ДИШЕМЕ ОТРОВЕН ЧАД И СМРДИ НА ИЗГОРЕНА ПЛАСТИКА И ГУМА!

Автор:

Датум:

јуни 29, 2024

Автор:

Датум:

јуни 29, 2024

Објава на Здрава Котлина:

ДЕПОНИЈА ШАПКАР ТРЕТ ДЕН ГОРИ

Веќе три дена по ред депонијата Шапкар кај Добрашинци постојано гори и отровниот чад го дишеме постојано. Особено смрди на изгорена пластика и гума што значи дека канцероген пепел веќе е во сите нас.

Неспособноста да се менаџира една полурегуларна депонија заедно со сознанието дека одредени профитерски фирми носеле индустриски отпад од општина Кавадарци за да се депонира во Шапкар се само индикација за она што последниве години се случува.
Мафијашка спрега за огромен профит!

Државен инспекторат за животна средина / Inspektorati Shtetëror i Mjedisit дојдете, видете, направете записници, проверете видео надзори, изречете казни!!!

Пожарникари – Струмица иако знаеме дека ова не е ваша работа, туку работа на јавно претпријатије што собира пари за менаџирање со ѓубре, сепак ве молиме да интервенирате и да направите се што може за да се изгасне и запре вдишувањето на канцероген чад од депонијата.

Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH Делувајте по допрен глас за криминалот што се случува со постојаното загадување и малверзациите со операции на отпад (опасен и неопасен) на струмичките фирми кои се занимаваат со отпад а особено на оние што имаат секакви лиценци и дозволи а во исто време носат отпад од други плански региони во Шапкар.

Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme Делувајте по допрен глас за криминалот што се случува со постојаното загадување и малверзациите со операции на отпад (опасен и неопасен) на струмичките фирми кои се занимаваат со отпад и генерираат милионски профити во евра со по десетина вработени.

Јавно Обвинителство на Република Македонија еве ви допрен глас за да делувате ако сакате да помогнете долгорочно на Струмичко! Овде има и делува канцерогена мафија која продуцира огромни профити и делува најмногу во зимскиот период, но ете и во летниот. Има денови кога не гори ниту една депонија а сепак има чад кој е јасно видлив во атарот на Општина Босилово и Општина Ново Село па кога реагираме тогаш како под команда се палат сите депонии.

Има огромен економски интерес за оној што е во позиција да менаџира во таква дејност па за профит се што може се гори како на пример кабли, украдени трафостаници, опасен отпад деклариран како неопасен и слично. На пример бакарот од отпадни и украдени предмети завршува во некој откупен центар што профитира од разлика во цени на купопродажба таквиот бакар.

Испитајте кој ги има сите лиценци за менаџирање со отпад, кој има милионски профити со десетина вработени, кој шета отпад од цела Македонија до Шапкар, кој има мотиви да уплаќа огромни позајмици на фирми во блиски на јавни политички личности, кој има храброст да гради објекти на спој на водни канали во Општина Струмица, кој сака да гради тешка загадувачка индустрија Г1 во Струмичко…

Влада на Република Северна Македонија прочитајте се што е напишано овде, проверете ги сите работи и делувајте.
Нулта толеранција на дело!