На 24.06.2024 година, околу 20.30 часот по добиена дојава од ЦУК 112 за паднато 16 годишно девојче во провалија на трим патеката Св.Илија, на терен излегоа два тима од 7 пожарникари -спасители со алпинистичка и друга опрема.
По интензивна потера која траеше околу 30 минути, заедно со тим од полицајци и тим на брза помош, девојчето во свесна состојба но со видливи повреди на главата и едната нога беше лоцирано од страна на пожарникарскиот тим. Веднаш беше стабилизирана и со координирана акција на сите тимови извлечено од провалијата и префрлено во Општа болница Струмица.