strumica denes logo

ДВЕ ВЕТУВАЊА НА ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ СЕ ВЕЌЕ ИСПОЛНЕТИ – ДУИ Е ВО ОПОЗИЦИЈА И ВЛАДАТА Е РЕОГРАНИЗИРАНА!

Автор:

Датум:

јуни 20, 2024

Автор:

Датум:

јуни 20, 2024

Знам дека ќе немаме 100 дена, немаме ниту минута, бидејќи веќе почнаа нападите кон нас, а не сме ниту влада, истакнува Христијан Мицкоски, посочувајќи дека затекнатите состојби во државата се алармантни.

Ние ќе се водиме до тоа кое го ветувавме во кампањата, две ветувања веќе испорачавме, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер Христијан Мицкоски во интервју за централниот Дневник на телевизија Сител.

– Првото ветување е дека ќе се случи реорганизација на владиниот кабинет и тоа се случи со мнозинство од 88 пратеника и втората работа е тоа дека ДУИ ќе биде опозиција и тие се во опозиција – истакна Мицкоски.

Мандатарот на новата влада посочи дека затекнатите состојби се катастрофални и ситуацијата е алармантна.

– Информациите кои доаѓаат до мене се катастрофални односно алармантна ситуација која владее во Македонија и која е наше секојдневие и тоа нема да не изненади ниту нас, ниту граѓаните ако кажеме дека е лоша состојбата. Впрочем, нема човек кој денеска во Македонија вели дека е добра состојбата. Нема таков. Тоа беа и резултатите на изборите кои се случија на 8 мај и знам дека ќе немаме 100 дена, немаме ниту минута, бидејќи веќе почнаа нападите кон нас, а не сме ниту влада. Претпоставувам дека за 6 дена треба да е нашиот прв работен ден, а веќе почнаа нападите – посочи Мицкоски.