Неговиот татко, Дометиј, беше брат на римскиот цар Пров, но побегна од Рим како христијанин и дојде во Византија. Византискиот епископ Тит го посвети за презвитер. По смртта на Тит, Дометиј стана епископ Византиски. По смртта на Дометиј, епископскиот престол го зазеде неговиот постар син Пров, а по упокоението на овој, престолот епископски го зазеде Митрофан. Кога царот Константин првпат го виде Митрофан, го засака како татко. Во времето на Првиот Вселенски Собор Митрофан беше веќе старец на сто и седумнаесет години, па не можејќи самиот да земе учество во работите на Соборот, па за свој заменик го одреди епископот Александар. Царот му го издејствува кај соборот чинот Патријарх. И така, тој стана првиот патријарх Константинополски. Царот уште и го повика целиот Собор да го почести со посета престарениот и болен архипастир. Кога царот го запраша кого би го сакал за наследник на патријаршискиот престол, Митрофан го назначи Александар, а потоа му рече на Александар Александриски: „О брате, пресветол наследник ќе оставиш ти!“ И го зеде за рака архиѓаконот Атанасиј, подоцна Атанасиј Велики, патријарх Александриски, и го пофали пред сите. По ова пророштво се прости со сите и по десет дена ја предаде душата на Бога, во 325 година.
Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски
Совети, колумни, прашања и одговори. Секоја недела во 14:00 часот со Д-р Никола Маџунков. Најдобра нега преку професионален и непосреден…
етачката такси-услуга во Дубаи ќе биде пуштена во промет до првото тримесечје на 2026 година, изјави Калед ал Авади, директор…
МЕРКА ВО КОРИСТ НА ГРАЃАНИТЕ: Се намалуваат цените на над 70 производи!
Владата ја ограничи профитната маржа на 10% на 100-тина производи. Со есенската кошничка се опфатени брашното, белиот и полубелиот леб,…
По бројните отстапки и жртви кои ги направи Македонија, ако Брисел навистина сака да станеме дел од Унијата има начин,…
Од јануари казни за оние кои возат со стари возачки – Еве колку ќе треба да платите!
Возачките дозволи со старото име, треба да се заменат до први јануари 2025 година. Доколку возачите тоа не го сторат…
Во неодамнешното гостување во поткастот кај новинарот Кристијан Ландов, премиерот Христијан Мицкоски вели дека ќе формира тело со повеќе членови…