Поранешната министерка а сегашна пратеничка, Славјанка Петровска уште еднаш потврди дека ќе се кандидира на изборите за претседател на СДСМ. Таа кандидатурата планира да ја поднесе во среда, соопшти при гостувањето во дневникот на Телевизија Сител.
Ексминистерот за здравство, Венко Филипче, исто така објави дека одлучил да се кандидира за претседател на СДСМ, на претстојните внатрепартиски избори.
Тој оцени дека СДСМ е соочена со голем предизвик и ги поминува веројатно најтешките моменти од нејзиното основање. Ова е време, вели Филипче, кога многумина се прашуваат дали СДСМ ќе опстане и каква е иднината на партијата.