strumica denes logo

ЌЕ ИМА НОВА ОПЦИЈА НА ФЕЈСБУК: ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА ЌЕ ВИ ГИ ЧИТА СТАТУСИТЕ!

Автор:

Датум:

јуни 4, 2024

Автор:

Датум:

јуни 4, 2024

Сопственикот на платформата „Мета“, Марк Закерберг, со статусите и со фотографиите на своите корисници на Фејсбук и на Инстаграм ќе ја тренира својата вештачка интелигенција, објави порталот Мсн.

„Мета“, компанијата која стои зад социјалните мрежи, ги известува своите корисници преку е-пошта која им дава и право на жалба. За разлика од другите функции на Фејсбук, сепак, ова не е едноставно исклучување на опцијата вештачката интелигенција да учи од вашите статуси и фотографии. Наместо тоа, секој треба да напише образложено одбивање, а има и линк во писмото.

„Мета“ првин сака да кажете како обработката на вашата содржина ќе влијае на вас, а потоа имате опција да обезбедите дополнителни информации. Само тогаш компанијата ќе го разгледа вашиот случај.

Многумина велат дека не сакаат да се гледаат нивните приватни пораки. Ваквите приговори веднаш се отфрлаат, вештачката интелигенција нема да се тренира со нив, само со статуси и со фотографии. Секој што нема да поднесе приговор автоматски се согласува на користење на неговите податоци од страна на „Мета“. Ова значи дека компанијата може да ги користи сите информации споделени јавно за да ги нахрани и со податоците да ги обучи своите модели со вештачка интелигенција. Целта е вештачката интелигенција да генерира подобри текстови и слики.

Дури и ако приговорот се уважи, Фејсбук и Инстаграм сепак може да користат мал дел од вашите податоци за да обучуваат вештачка интелигенција. Ова ќе се случи ако други луѓе ја споделат вашата содржина или ве спомнат во нивните објави.