Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
❗️Последен момент е да сториме нешто за да си ја вратиме гордоста!
➡️ Јас не сум среќна кога гледам како најдобрите, најумните и најкомпетитивните ја напуштаат земјата. Не сум среќна кога знам дека она што сум го предавала не го препознавам во (не)зависното судство.
‼️ Не се брани Европа со рецитирање, туку се брани со промени. А, промените значат правна, мирна, средена држава. Да имате држава со добра бирократија, државна и јавна администрација, одлично образование зашто тоа е најдобрата инвестиција.