Полицијата уапсила две лица кои ја убиле двегодишната Данка Илиќ и тие го признале делото, соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ.
– Имаме лоши вести за Данка… Полицијата уапси две лица, кои, ако добро разбирам ја убиле малата Данка. Како што разбрав, тие го признаа делото. Со какви чудовишта си имаме работа – резигнирано рече Вучиќ.
Во моментов, рече тој, полицијата оди кон местото каде што е погребано нејзиното тело.