Струмичката златара „ГОЛДМАК“ продолжува да ја негува старата традиција. Благовец оваа година ќе биде одбележан повторно со ставање обетки со организирана забавна програма за најмалите со кловнот Боко и Дони. Многу музика, детска забава и многу балони.
Според народните верувања, овој ден има многу традиции и обичаи. Па така, се смета дека овој ден е благ и раната не боли, па затоа на малите деца им се ставаат обетки.
Повелете на 7 април во златара „ГОЛДМАК“ на Булевар „Маршал Тито“ бр.5 од 10:00 до 14:00 часот.