Од четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во источните делови ќе има услови за слаби врнежи. До крајот на седмицава ќе дува умерен до засилен северен ветер и температурите ќе бидат повисоки во однос на вчерашните.
Температурите во Струмица ќе се движат од -7 до 4 степени целзиусови.