strumica denes logo

ФИЗИЧКИ НАПАДНАТО ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕТЕ ОД СТРУМИЦА – ВО ТЕШКА СОСТОЈБА Е ПРЕНЕСЕНО ВО СКОПСКА КЛИНИКА!

Автор:

Датум:

јануари 18, 2024

Автор:

Датум:

јануари 18, 2024

Вчера во 02.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Општата болница Струмица во 00.58 часот во тешка здравствена состојба било донесено четиригодишно дете од Струмица, извести МВР.

Детето било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, каде од лекар било констатирано дека детето било физички нападнато, додаваат од МВР.

За настанот бил информиран инспектор по малолетничка деликвенција од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.