Накитот е неизбежен дел од свадбената церемонија, токму од таа причина опфатени повеќе аспекти важни за златото со сопственикот на Златара „Златко“.
1. Златото како симбол за статус во општеството, како начин за уметничко прикажување и естетика, како симболика поврзано со занаетот на најстарите мајстори. Од кога се занимавате со оваа работа, и кој е предизвикот?
– Златото како симбол и статус во општеството се провлекува многу векови откако се памети за човештвото и модерниот начин на размислување. Златото е метал кој најлесно се изработува и е посебен како метал и единствен кој се разликува по својата тежина и може да се преработува повеќепати без да изгуби од квалитетот. Низ вековите и цивилизациите златото било користено и како платежно средство и како начин за богатење на семејства и држави во текот на историското време и сега во поново и најново време сите држави во однос на нивните валути, вредноста се мери во тоа колку државни резерви имаат во злато. Со колку повеќе злато располагаат толку е посилна нивната валута. Постои една добра изрека: најдобра инвестиција на едно семејство и држава е штедење или влог во злато и во сопствените деца. Јас како златар се занимавам повеќе од 14 години. Желбата за ова работа ја имам уште од 20-та година да станам златар, можеби тоа е до моето име како мала провокација. Златарството како дејност е доста ценета и интелигентна, профитабилна и нешто што ми ги исполнува ќеифот затоа што на некој начин според мене е покултурна и понежна дејност.
2. Со оглед на тоа колку голем продажен салон поседувате, со колкав и каков асортиман може да се пофали Златара Златко?
– Според големината на дуќанот ние мораме да имаме повеќе асортиман и производи. За да го исполниме целиот простор на објектот од 83 м2 ние одлучивме да донесеме поголем асортиман и сега имаме злато од кои ги поседуваме речиси сите видови на злато почнувајќи од накит(огрлици, ланчиња, обетки, прстени, бурми, веренички прстени, нараквици, гривни, алки, детски нараквици и обетки),секаков вид на накит што може да се направи од злато. Имаме голем асортиман на сребро кое подразбира сребро со различни цени од поевтини и поскапи се разбира во зависност од компаниите. Изборот е голем, располагаме истотака со накит Сваровски(најново се што е од злато и сребро, од Сваровски го нудиме во нашиот дуќан), кристалите од Сваровски можеме да ги направиме во форма по желба на нашите клиенти без разлика дали станува збор за приврзок, обетки, ланче, прстен. Имаме специјално сребро, односно најнов модел на сребро, тоа е италијански модел ексклузивен накит за кој сме ние единствени застапници во Македонија. Договорот го направивме на саем во Италија при што не може лесно и секој да стигне до нивните производи. Навистина сме многу задоволни од овие најнови модели. Истотака поседуваме и челик при што накитот од челик е наменет повеќе за мажите, цената е поволна и има многу добри модели кои се доста богати и големи и немаат висока цена бидејќи металот е поевтин. Во блиска иднина планираме да продаваме и часовници со различни модели за кои не сакам многу во моментов да откривам.
3. Во што се состои квалитетот на златото? На кој начин потрошувачите треба да се заштитат од манипулативност?
– Квалитетот на златото се мери во карати. Златото во златарите се мери според каратите се продава и се мери во каратажа од осум каратно злато или 333, девет каратно злато или 375, десет каратно злато, дванаесет каратно злато, петнаесет/осумнаесет/дваесетидва и дваесетичетири каратно злато. Тоа е во зависност дали златото е како накит или монета, паричка, плоча. Не можеме да правиме накит од дваесетдва или дваесетичетири карати бидејќи е многу меко и се превиткува и не е практично за накит. Најпрактично е накитот да се прави од осум до осумнаесет карати. Во Македонија речиси 90 % се користи злато од четиринаесет карати или 585 за накит. Најдобро клиентите да се заштитат од манипулации со златото е да го купат од овластена златара. Во тој случај и да се појави некој проблем златарот е одговорен за продажбата, ако го купиш од дивите продавачи постојат многу манипулации бидејќи се стават жигови на каратност на злато, а всушност е позлатен бакар, месинг, железо или одреден вид на позлатено сребро. Прво и основно е златото да се купи од златара, со тек на време ако не е злато тоа ќе поцрни, ќе ја промени бојата и ако се купи од златарата тоа се враќа што се значи купувањето од златара е многу посигурно.
4. Од вашето секојдневние и постојаниот контакт со клиенти, денес што повеќе се преферира и купува, жолто или бело злато, и која е разликата?
– Отсекогаш жолтото злато било повеќе барано но денес доминара жолто-белата комбинација на злато. Има тенденција на зголемување на продажба на бело злато но сепак доминацијата е на жолто-белото злато. Поголема продажба на бело злато имаме во летниот период кога имаме како купувачи гастербајтери. Во европските земји повеќе се продава белото злато и кога нашите печалбари се враќаат во Струмица во летниот период тогаш се зголемува продажбата на белото злато. Впрочем, генерално нашиот менталитет претендира повеќе кон жолто-белото злато. Квалитетот и на двата вида на злато е ист бидејќи златото е руда и имаат исти својства. Плус тоа правото бело злато има малку жолтеникава боја. За сите кои не се информирани за ова работа треба да знаат дека белото злато за да ја добие таа сјајна бела боја се родира, односно се става родиум и со тек на време во зависност од накитот може да го изгуби тој сјај на бело и да ја добие таа малку жолтеникава боја. Значи клиентите не треба да се плашат поради тоа, може да го однесат таму од каде што им е купено за златарот повторно да го изродира за да го поврати белиот сјај и таа појава не значи дека златото не е злато или не е оригинал. Во однос на цените белото злато на берзата е малку поскапо ама ние го продаваме по иста цена како и жолтото.
5. Дијаманти и скапоцени камења, како дел од обетка, прстен, огрлица… Кои видови се застапени кај вас?
– Дијамантите за Македонија се луксузна работа. Во златарата располагаме со дијаманти и во секој момент можеме да изработиме накит од дијаманти по порачка во наш капацитет и домен што можеме да го изработиме. Готови дијаманти во моментов не располагаме, само работиме по нарачка затоа што нема голем интерес. Во иднина имаме намера во златарата да имаме накит од дијаманти од различен асортиман но тоа се однесува за поблиска иднина затоа што во Македонија имаме мал стандарт за дијаманти. Додека во Запад повеќето од мажите за веренечки прстен одбираат за запросување прстен со еден дијамант. Но, овде стандартот не го дозволува тоа бидејќи дијамантите се малку поскапи. Истотака од скапоцени камења имаме сафир, рубин и овде по порачка можеме да обезбедиме скапоцен камен по желба на клиентот. Но, споредбено дијамантот во однос скапоцени камења, според мене дефинитивно дијамантот е над нив. Во европските земји една работа изработена од злато и истата изработена во комбинација од злато со дијамант соодносот на цената е 1:5. Во мојата златара дијамантите се движат од 20 евра па нагоре се разбира во зависност од големината и изработката што во споредба со европските земји е многу поевтино а квалитетот е ист.
6. Работите на веќе готови продукти или и вие рачно изработувате? Како е со порачки на некоја специфична желба, комбинација и вкус?
– Ние како златара располагаме со секаков вид на накит. По порачка правиме се, може клиентите да донесат модел и според него за кратко време да го изработиме. Особено тоа се однесува за бурмите, може купувачот да донесе слика симната од интернет или нацртана од него и ние таква бурма ќе изработиме и доколку не му се допадне после изработката може да го врати кај нас дури ни капар не земаме. Се има случувано на лице место со клиент правиме скица на бурма за два дена го изработуваме и клиентот е презадоволен. А за модели кои не се изводливи за изработка клиентите уште на самиот почеток ги информираме.
7.Kакви видови на веренички прстени и бурми нуди вашиот асортиман и можноста да бидат изгравирани имињата на идните младенци на нив? Според искуството досега, дали младенците лесно го прават изборот за прстени? Според вас што е пресудно за изборот?
– Буквално кога станува збор за бурми и веренички прстени вкусовите немаат граници. Секој клиент доаѓа со свој вкус и желба, се случувало да ни донесат порачки кои првпат и ние ги гледаме како модел но сепак го изработуваме. Има клиенти кои се едноставни во своите барања и затоа не можам да кажам дека одреден модел се продава повеќе или помалку. Честа појава е и гравирање на бурмите кое го правиме внатрешно на кое може да е напишан датумот, женската бурма со името на избраникот и обратно или пак желба на клиентот за изгравирање на зборови како ,,те сакам,, ,, засекогаш заедно,, тоа е веќе индивидуално а ние можеме се да изработиме.
8. Каков е пазарот со злато во Македонија? Од што најмногу зависи неговата цена и стабилност?
– Пазарот во Македонија е според стандартот. Секогаш златото е луксузен метал. Оние што имаат пари купуваат честопати само за свој кеиф или за подарок. Во моментов сите златари на светско ниво вклучувајќи не и нас се соочуваме со проблем, продажбата на златен накит. Цената на златото е доста висока, пред десет години цената се движеше од 9 од 10 илјади по килобајн, а сега достигна и до 45 илјади евра по килобајн, тоа е четиристотини отсто поскапување. Тоа покажува како денес се движи продажбата на златото, во моментов е доста потешко со повисоката цена. Повеќе сме насочени кон откуп на злато, некои луѓе ја користат високата цена на златото па затоа го продаваат. Цената зависи најпрво од берзата, второ од стандартот на граѓаните и трето од конкуренцијата, колку е поголема конкуренцијата толку се пониски цените и обратно. А ние имаме доста конкуренција и внимаваме цените да бидат пониски. Инвестирањето во злато никогаш не значи губиток. На пример, тие што купија од мене злато пред десет години за 20 илјади денари и после неколку години имале потреба од пари и го продават повторно кај нас и земаат повеќе пари отколку што го купиле. Ако некогаш откупот на пример бил седум евра денес е дваесет евра што значи дека е во ќар. Но, секако знаеме дека правилата на берзата се непредвидливи може да се заработи многу но и многу да се изгуби. Но, единствен метал кој може во секое време да се купи е златото.
9. Доколку се прави дистинкција на особености на златото во различни времиња, како романтизам, ренесанса, барок и слично, кои се особеностите на златото кое го одбележува модерното време?
– Секое време си носи трендови. Во моментов кај нас има мода на разновидност а тоа значи дека денес можеме да изработиме секаков накит.
10. Сигурно постои, мора да постои… ваше омилено парче!?
– Не можам да издвојам нешто посебно бидејќи асортиманот е голем и постојано се надополнува со нови модели. Постојат многу модели од кога постои златарата до денес што допринесува да не можам да се одлучам за еден конкретен затоа што секој нареден и нов модел е се подобар од претходниот, но еве веќе ако инсистирате за некој конкретен и ако веќе морам како модел што може да го издвојам е кралската орглица без да изгуби од вредност убавината на сите други многубројни модели.
11. Врз основа на кои принципи златара Златко ги задржува своите клиенти како лојални потрошувачи?
– Златара Златко се држи најпрво на чесноста, поштеноста, беспрекорниот квалитет, секој може да згреши па и златара Златко, но секогаш сака да ги поправи грешките, никогаш не остава нерешени проблеми, постојано нови модели, добри цени, посебно за постојани муштерии, и секој накит што ќе се купи од златара Златко после кратко време доколку се создаде некој проблем што досега се нема случено, ние сме должни или да го поправиме или да го замениме со ново, секогаш клиентот да излезе задоволен.
12. Со оглед на вашето големо искуство, која е ваша препорака?
– Им препорачувам на сите муштерии, пријатели, другари, немуштерии, сограѓани никогаш да не жалаат кога купуваат злато, и да знаат дека не мора да доаѓаат во златара Златко и да бараат само злато накит, туку може да дојдат и да побараат злато во плочка или некоја друга форма по берзанска цена и да го чуваат како капитал, како што прават секаде во светот. Во Македонија нема да одиш во банка и да си купиш злато. Во рaазвиените земји одиш и купуваш плочка злато од 50, 100 па и повеќе грама и ги вложуваш парите во злато и препорачувам своите пари да не ги вложуват само во недвижност, во кола и сл, туку своите заштеди да ги претворат во злато. Единствен метал што може било каде во светот, во каков било ризик да влегувате, еврото да не вреди, златото секогаш ќе вреди.