strumica denes logo

Русија е подготвена да преземе улога во новиот светски поредок, а БРИКС подготвува нова глобална валута!

Автор:

Датум:

август 7, 2023

Автор:

Датум:

август 7, 2023

Русија заедно со членките на БРИКС и други африкански држави разговара за создавање на нова глобална валута која би можела да ја прекине доминацијата на американскиот долар, вели заменик претседателот на Државната дума Александар Бабаков.

Бабаков изјави дека Москва е подготвена да преземе нова улога во светскиот поредок и, заедно со партнерите, да ја урне хегемонијата на САД, бидејќи го положила тестот на западните санкции.

Тврдејќи дека самитот на Русија и Африка е одржан минатата недела во Санкт Петербург е директен доказ за неуспехот на колективниот Запад да ја изолира Русија, тој изнел нови трендови во системот на меѓународните односи.

Бабаков нагласил дека постигнувањето на реален суверенитет на Русија бара отстапување од доминацијата на американската валута. Москва и нејзините партнери би требало да се договорат околу нова монетарна единица и правилата за нејзиното функционирање, објаснил тој.

На прашањето за новата валута, рускиот пратеник одговори: „Ова не е јуан и не е рубља. Веќе постојат одредени формулации. Името не е важно, но би требало да биде аналогно на доларот“.

„На крајот на краиштата, БРИКС по својот денешен потенцијал е поголем од Г7. Односно, потенцијалот на пазарите на кои оваа валута може да функционира е многу широк. Нема причина да бидеме врзани за доларот“, тврди Бабаков.

Земјите на БРИКС настојуваат да оддалечат од американскиот долар во меѓусебната трговија. Трендот на дедоларизација добива на замав по санкциите кои ефективно ја отсекоа Русија од финансискиот систем со кој доминира Западот.