До петок ќе се задржи стабилно и многу топло време. Во сабота во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа и во форма на невреме. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурата.
Температурите во Струмица ќе се движат од 14 до 33 степени целзиусови.