strumica denes logo

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ: Ја прекинуваме официјалната комуникација со власта, може да разговараме само за брзи избори!

Автор:

Датум:

јули 8, 2023

Автор:

Датум:

јули 8, 2023

Се прекинуваат сите официјални комуникации на билатерално ниво со претставници на власта. Оваа едногласна одлука е донесена изминатата седмица на седница на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, објави денеска претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Повеќе како ВМРО-ДПМНЕ и коалиција нема да се среќаваме на билатерална основа официјално со претставници од Владата, истакна Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали тие имаат разговори за уставните измени со премиерот и други членови на Владата.

Тој истакна дека за уставните измени повеќе нема ништо на маса, односно дека има само една работа за која што треба да се договорат со владејачките партии, а тоа се брзи предвремени избори оваа есен.

-Има само една работа, а тоа е да седнеме и да се договориме околу изборите кога ќе бидат изборите, а како ќе бидат изборите, на кој начин – со техничка влада, немање техничка влада или се она кое што еповрзано од изборите. Од овој момент па натаму повеќе нема да зборувам ништо што е поврзано со уставните измени, туку единствената работа која што би сакал да ја зборувам е да седнеме на маса и да разговраме за брзи предвремени Парламентарни избори оваа есен, рече Мицкоски.

Прашан дали се согласува со ставот на премиерот Димитар Ковачевски дека оваа есен нема да има парламентарни избори, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговори дека Ковачевски многу работи најавил, како што вели, a потоа поплукал, па тоа не се случи.

-Се сеќавате многу пати кажа дека ќе се случат некои работи, но за жал ништо не погоди од тоа што ќе се случи. Да видиме, да му дадеме време на времето, вели Мицкоски.

Тој ја коментираше и изјавата на премиерот Ковачевски дека за две недели уставните измени ќе влезат во Собрание. Мицкоски рече дека процесот на одложување значи дека власта нема поддршка да го направат тоа што го прифатија, како што вели, без да ја консултираат опозицијата и без да го консултираат македонскиот народ.

-Од друга страна кога народот заедно со опозицијата нуди решенија за национално единство и консензус тие континуирано играат на една карта, а тоа е интересот на Бугарија и континуирано ги одбиваат овие иницијативи коишто ги дава опозицијата заедно со народот. Сакам да сме на чисто. Пред една година јас реков – поднесувам оставка доколку ова помине. Пред една година реков дека ВМРО-ДПМНЕ ова нема да го поддржи затоа што бугарскиот диктат е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Во меѓувреме на неколку наврати, дури еднаш и од овде од Штип, се сеќавате на оној т.н. хрватски модел за преамбулата во Уставот беше предложен и ставен на маса, вели Мицкоски.

Посочи дека власта имала многу можности за национален консензус и да се излезе од оваа состојба во која што се наоѓаме.

Коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ дека во моментов има отворен пат уставни измени, Мицкоски рече дека отворен е патот само за брзи предвремени парламентарни избори оваа есен.

-На тој начин ќе ги спасиме граѓаните од дополнителни срамови, предавства кој што Бојан Маричиќ и останатите како него ги носат, вели тој.

Мицкоски додаде дека и тоа ќе заврши и ќе му дојде крај, но после тоа ќе треба да се соочат со институтот одговорност.