Во недела е големото финале од музичкото шоу „Никогаш не е доцна“ каде нашиот струмичанец Павле Витанов е на добар пат да победи. Со својата моќна и харизматична сценска појава, Витанов успеа да се издвои од останатите и да остави силен впечаток на јавноста и жирито.
„Никогаш не е доцна“ ќе се емитува на ТВ Сител со почеток од 21:00 часот. Витанов ќе настапи под реден број 6. Награди и победници ќе има во три категории преку СМС гласање, фејсбук гласање и прогласување на победникот од стручното жири.
„Стигнавме до самиот крај. Ова е веќе голем успех за мене…во недела ми требаат моите струмичани, ми треба народот од цела Македонија и моите подржувачи од дијаспората“ – изјави Павле за Струмица Денес.
Тимот на Струмица Денес му посакува многу успех и среќа!