strumica denes logo

Невработеноста во првиот квартал од 2023 изнесува 13,3 проценти

Автор:

Датум:

јуни 12, 2023

Автор:

Датум:

јуни 12, 2023

Во четвртиот квартал од 2022, БДП се зголеми за 2.1% на годишна основа (сезонски прилагоден раст од 1.9%). Овој раст е остварен во услови на релативно солиден раст на личната потрошувачка (2.7%) и остар пад на бруто инвестициите (-22.3%), се вели во новата анализа на Институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс Тинк“.

„Додека, извозот порасна (7.1%), но увозот забележа релативно значаен пад (-4.3%), што заедно со падот на инвестициите е одраз на големата неизвесност во економското окружување, на воздржаноста на економските агенти и на очекувањето за забавена економската активност и во следните квартали. Јавната потрошувачка ја продолжи патеката на консолидација (-5.9%), што е соодветно и на пониско-остварениот буџетски дефицит во однос на планираниот (само 8.2% за целиот квартал), а поради значајната потреализација на капиталните инвестиции на државата (10.9%), и поради консолидацијата на буџетската ставка стоки и услуги (18.9%). Забавувањето на економијата е видливо во земјоделството (0.1%) и индустријата (0.8%) и во повеќе услужни дејности, додека градежништвото и трговијата, транспортот и хотелите забележаа значаен раст кој надминува 10%.

Невработеноста во првиот квартал од 2023 изнесува 13.3%, што е задржување на трендот на намалување, но во серијата настанаа структурни методолошки промени поради што директна споредба со претходните бројки не е можна. Вработеноста изнесува 45.1%, додека активноста на пазарот на труд 52%. Поради наведените структурни промени, точната динамика не може да се утврди, но се чини дека останува присутна тенденцијата на пазарот на трудот одредена од падот на вкупното, работоспособното и вработеното население и продолжената пасивизација на пазарот на труд која отпочна уште за време на пандемијата.

Во првиот квартал од 2023, инфлацијата забави на 16.1% на годишна основа, откако го постигна својот врв од 19.3% во претходниот квартал. Забавувањето, исто како и растот претходно, е водено од спласнувањето на глобалните притисоци кај цените на енергијата и кај повеќе групи од храната, но базичната инфлација, која ги исклучува овие компоненти, и понатаму покажува значајна упорност, што налага понатамошна затегнатост на монетарната политика и исклучителна внимателност на фискалната политика“, стои во анализата.

Неизвесноста во економијата останува и понатаму присутна, со изразени тенденции за забавена економска активност во остатокот од годината.

Finance Think ја намалува проекцијата за раст на БДП во 2023 на 2.0% од претходните 2.4%, а проектираниот раст на цените од 8.9% останува непроменет, двата со нагласена неизвесност.