strumica denes logo

За колку порасна македонскиот БДП?

Автор:

Датум:

јуни 7, 2023

Автор:

Датум:

јуни 7, 2023

Kaко што објави Државниот завод за статистика (ДЗС), бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2023 година има раст од 2.1 отсто.

Поголем пораст е забележан во секторите – Градежништво од 12.7 отсто и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 10.6  отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје, номинално расте за 14.8 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 69 отсто. Извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13.7 отсто, а увозот на стоки и на услуги има намалување во номинален износ од 1.4 отсто.