strumica denes logo

Променливо облачно со дожд и засилен ветер – временска прогноза за наредниот период

Автор:

Датум:

мај 17, 2023

Автор:

Датум:

мај 17, 2023

Временската прогноза за денес покажува променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а на повеќе места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме, проследени со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Струмица температурите ќе се движат од 12 до 22 степени целзиусови.

Како што најавуваат од УХМР, во четврток ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, а на места ќе има повремени врнежи од дожд со грмежи и засилен ветер. Во петок и сабота ќе преовладува сончево и потопло време со умерена облачност, а од недела повторно се очекува дестабилизирање на времето.