strumica denes logo

Над 1 200 фирми ставиле клуч на врата во првите четири месеци годинава

Автор:

Датум:

мај 5, 2023

Автор:

Датум:

мај 5, 2023

Цифрата е драстично помала од истиот период минатата година кога се избришани над 4 илјади компании.

Најмногу згаснуваат малите фирми од секторите трговија на големо и мало, преработувачката индустрија и услужните дејности…

Но, бројот на новоотворени е идентичен со оној во 2022та. Лани се отвориле над 2 500 фирми, додека годинава бројката е 2 400.

За дел од економистите бројките се очекувани. Кризите полека ги надминуваме и економската состојбата се подобрува. Миле Бошков од бизнис конфедерацијата смета дека од затекнатите кризи и фирмите и креаторите на економските политики ја научија лекцијата, голем дел од компаниите научија како да се прилагодат на новото нормално и да опстојат.

„Излегоа фирмите од криза, веќе свесно управуваат со енергетска криза, инфлација и ковид криза, меѓутоа и концептот кои што го учат за одржливост, за континуирано одржување на ликвидноста на фирмите./ Се зголемува свеснот и креатори на политики, генерално се отсликува на состојбата.“ изјави Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерација.

Освен енергетската и економска криза, фирмите мака мачат и да најдат работници. Неодамна и надлежните истакнаа дека на земјава годишно и недостигаат околу 10 илјади работници. Проблемот најавија дека ќе го решаваат со доквалификација на домашниот кадар, но и со увоз на работна сила.

 

ИЗВОР: КАНАЛ 5