strumica denes logo

Цензура, заплашувања и фашизоидна хајка против 90% од населението во Македонија од страна на оние кои тврдат дека многу се грижеле за нашите деца!

Автор:

Датум:

март 21, 2023

Автор:

Датум:

март 21, 2023

Коалиција за заштита на децата:

👉 Цензура, заплашувања и фашизоидна хајка против 90% од населението во Македонија од страна на оние кои тврдат дека многу се грижеле за нашите деца.

‼️ Говор на омраза, агресивност и исмевање на жените вернички од страна на оние кои тврдат дека се залагаат за женските права и “родова еднаквост”.

👉 Плукање по сопствената култура, по сопствената држава и по сопствениот народ, мислејќи дека некој здраворазумен ќе им верува.

‼️ Коалицијата строго ја осудува и отфрла платената агенда што ја спроведуваат Ирена Цветковиќ и нејзината организација Маргини и Хера. Нивните организирани хајки, линчувања и прогони нема да ја замолчат Коалицијата и нашите партнери.

🔴 Министерство за труд и социјална политика да се извини за клеветата дека на посочената трибина имало говор на омраза и јавно да го осуди говорот на омраза на сите што пишуваа „Црквата да одјебе“.

Шарените платеници видно се вознемирија по успешната трибина околу воведување на контраверзното сексуално образование, каде главни говорници беа Викарниот Епископ Стобиски г.Јаков и универзитетскиот професор д-р Венко Андоновски, каде јасно и гласно беа обелоденети и разобличени нивните стратегии за идеолошка индоктринација на децата преку ширум отворената врата во образованието и законодавниот дом.

Првата реакција на Ирена Цветковиќ од Коалиција Маргини, Ена Бендевска од Хелсиншки Комитет итн. повторно им беше „Црквата да одјебе“.

Но, откако видоа масовно споделување на трибината на социјалните медиуми, вчера имаа итен состанок со нивната платформа за т.н. „родова еднаквост“ (ХЕРА, Маргини, Хелсиншки…), и напишаа реакција, каде што категорично велат, цитираме:

Во секуларна држава, мислењето на Црквата е нерелeвантно во креирањето на политиките за родова еднаквост.
Според овие пропагатори на родовата идеологија, црквата и верниците не смеат да го искажат јавно своето мислење за општествени прашања кои ги засегаат сите жители и сите деца во државава, дури ни во културните домови кои им припаѓаат на СИТЕ жители на државата. Според нив, верските лица смеат да зборуваат за општествени феномени само внатре помеѓу ѕидовите на нивните верски објекти и ниту еден чекор надвор од нив! Надвор од верските објекти смеат да проповедаат само атеистите и само виножитните платеници.

Тоа не е секуларизам, туку цензура!

Не драги мои, тоа не е секуларизам. Тоа е цензура. Тоа е комунистички режим, како оној на Сталин и Мао Це Тунг – кои заедно убија 100 милиони луѓе, 50 пати повеќе од сите крстоносни војни заедно. Тоа е директно кршење на Уставот на Македонија кој во член 16 гарантира слобода на говор, јавен настап, јавно изразување и јавно информирање на СИТЕ граѓани, а тоа секако ги вклучува и верските лица. Уставот за верските лица не важи само во ѕидовите на верските храмови, туку на секој еден метар квадратен во рамките на територијалните граници на Република Македонија.

Што е секуларност?

Секуларност значи дека сите верски заедници се еднакви пред законот, дека државата не фаворизира ниту една религија или верска заедница и дека верските лица не смеат да влијаат директно во законодавството на државата – која е татковина на сите луѓе без разлика на нивните верувања, неверувања или идеолошки убедувања. Затоа и епископ Јаков не побара да влезе во Собрание и да гласа за или против законот за менување на пол, туку отиде во културен дом да го каже своето мислење во врска со новите контраверзни закони.

Демократијата, во која главниот постулат е слободата на говорот и јавното информирање, и тоа како им дава право и на верските лица јавно да проговорат за општествени теми кои директно ги засегаат сите луѓе во државата, па и нивните сопствени деца. Верските лица се претставници на повеќе од 92% од жителите во Македонија. Пола од овие (46%) се жени.

До вчера жртви, сега џелати

Внимавајте, господинот Јаков е Викарен Епископ од најголемата верска заедница во Македонија (МПЦ-ОА) и сепак не влезе во Собрание да говори. Од друга страна пак, овие 22 шарени невладини организации, иако претставуваат минијатурен процент на луѓе кои се убедени во нивната родова идеологија, сепак си имаат и своја интерпартиска парламентарна група во Собранието, директно се мешаат во менување на законите, а Мила Царовска подмукло и непотистички ја вметна нејзината невладина ХЕРА во државното образование, која без јавен дискурс и со нула транспарентност, дрско го менува образованието на СИТЕ деца во државава.

И не само образованието и законодавството. Ним им е даден скоро целиот јавен медиумски простор.

Нè бомбардираат 365 дена со нивната пропаганда.

Имаат пристап до сите јавни медиуми (особено оние платените).

Месецот јуни го направија „месец на гордоста“ со безброј настани при што користат јавен простор, јавни културни центри, сите медуми.

Малку им беше јуни, па сега си го присвоија и 8 Март како свој празник на којшто црквата треба да одјебе, а со тоа и сите жени вернички во државава.

Музејот на современа уметност чиниш е нивен „верски храм“, во кој не е проблем да се исмеваат со верата, каде имаа настан на кој гол маж беше облечен како православен свештеник и ставаа полови органи на светци. И сè тоа е ок, а не е ок тоа што епископ проговори во културен центар во Струмица, без воопшто да ги навреди.

Тие може да навредуваат, перверзно да се исмејуваат со верниците и да ја одјебуваат црквата, но ако некој изнесе на Фејсбук јавно достапна медицинска статистика за ширењето на сидата меѓу хомосексуалците, веднаш му пуштаат претставки и тужби. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација делува како само за нив да работи, како само нивните права да се човекови во државава.

Е, па не може повеќе така. Затоа јавно повикуваме на:

Исправување на кичмата на сите заспани верници во државава

Владеење на правото за сите луѓе во државава

Ослободување на државното образование од идеолошката индоктринација на невладините организации ХЕРА, Маргини и сл.

Државата да превземе мерки против сите невладини организации и институции кои го кршат член 16 од Уставот и јавно повикуваат на цензура.

Министерството за труд и социјална политика да се извини за клеветата дека на горе посочената трибина имало говор на омраза и јавно да го осуди јасниот говор на омраза на сите што пишуваа „Црквата да одјебе“. Иако Царовска повеќе не е министер во ова министерство, за жал истото сè уште е заложник на нејзините политики.