Ристо Манчев, градоначалник на општина Босилово:
Патниот правец Бориево – Колешино конечно ќе се асфалтира.
На задоволство на граѓаните на општина Босилово и Ново Село во тек се активности за асфалтирање на патниот правец Бориево – Колешино. Станува збор за делница од 3.2 km и ширина од 5 m.
Овој патен правец е од исклучителна важност за развојот на регионот затоа што:
– создава подобри услови за развој на туризмот во регионот и поврзување на подбеласичкиот регион со Моноспитовско Блато и подогражденскиот регион.
– развој на земјоделието преку подобар, поекономичен и побрз транспорт на земјоделските производи и обезбедува пристап до голем број обработливи земјоделски површини
– развој на сообраќајот и поврзување на Колешино со регионалниот пат А4 кој води кон границата со Бугарија
– развој на алтернативниот туризам, велосипедизмот, итн.
Средствата за реализација на овој проект се обезбедени преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и дел од Буџетот на Општина Босилово и Општина Ново Село.
Увид на реализацијата на проектот направи и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Проф. Д-р. Христијан Мицкоски кој беше во посета на Ново Село.
Продолжуваме со посветена работа за реализација на проектите кои се од интерес на сите граѓани.