strumica denes logo

Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ: Градоначалникот е незаинтересиран да овозможи отворање на новата градинка во Струмица!

Автор:

Датум:

октомври 24, 2022

Автор:

Датум:

октомври 24, 2022

Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Од работниот документ на европската комисија – ‘’ Извештај за Македонија 2022 година’’

Во делот за образование и култура пишува:

Бројот на запишани деца во предучилишно образование изнесува 45%, што претставува околу половина од европскиот просек, кој изнесува 95%. Имаме сериозно негативно влијание со покриеност со кадар во детските градинки. Недостатокот на кадар води кон формирање на поголеми групи на деца, при што е невозможно децата да го добијат потребното влијание. Ова влијае дестимулирачки кај родителите за своите деца да ги запишат во предучилишно образование.

Детските градинки во Општина Струмица се со повеќе од 50% повеќе деца од реалниот капацитет а наставен кадар по двајца во група од 40 деца.

Новата градинка е градежно готова повеќе од една година, завршена уште од претходниот градоначалник.

Завршени се сите процедури со регистрација и со дозволи за вработување на кадар од Совет на Општина Струмица.

НЕЗАИНТЕРЕСИРАНОСТА И НЕАЖУРНОСТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ДА ОВОЗМОЖИ ОТВАРАЊЕ НА ГОТОВА ГРАДИНКА СЕРИОЗНО ВЛИЈАЕ НА ЛОШИОТ РЕЈТИНГ ОД ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА КОН Р. МАКЕДОНИЈА.

Наместо по цел ден сликање, фејсбук кампањи и дежурање на фејсбук сериозно е потребно општинските власти нешто да сработат и новата градинка да се отвори.

БЕЗ ОБРАЗОВАНИЕ НЕМА ДРЖАВА 🇲🇰