Жан Дрвошанов, претседател на ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:
Денот на основањето на Општински комитет ќе го одбележиме во вистинскиот дух на живеење и дејствување на нашата Партија и Македонскиот народ.
Денеска 8 јули блокада на патиштата.
Ние пред барикадите!
Општинскиот комитет може да се пофали со многу достојни кадри, луѓе кои целиот професионален капацитет, личната слобода и живот ги отстапиле на идејата за Македонското национално единство.
Денеска од овде, од блокадата на Регионалниот пат Радовиш -Струмица го повикуваме Градоначалникот Костадин Костадинов наместо само декларативно да дојде и да каже јасно НЕ! пред предавството на Македонија.