strumica denes logo

КОСТА КОСТАДИНОВ: СДСМ ЈА ИМА НАЈДОБРАТА ПОНУДА ЗА СЕКОЈА ОПШТИНА!

Автор:

Датум:

август 26, 2021

Категории:

СДСМ

Автор:

Датум:

август 26, 2021

Категории:

СДСМ

Коста Костадинов, пратеник од редовите на СДСМ:

СДСМ ја има најдобрата понуда за секоја општина, утврдени 51 кандидати за градоначалници, во понудата на ВМРО-ДПМНЕ не верува ниту Мицкоски.

СДСМ била, е, и ќе остане прва во промените, движечка сила на татковината, мотор на напредокот.

Нема поголема чест и обврска да им се служи на граѓаните, да се решаваат нивните проблеми и барања. Тоа во изминативе години го правевме најдобро што можевме и ќе продолжиме уште подобро и во наредниот период.

За разлика од чесната, одговорна понуда на СДСМ, понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е понуда од немај каде.

Таму не само што нема нови лица, туку огромен дел од нив се луѓе на Никола Груевски, личности кои во минатото, во времето на режимот, биле на високи функции на државно и локално ниво.

Очигледно дека ниту самиот Мицкоски не верува во сопствената понуда на кандидати.

На граѓаните им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат никаква понуда за овие локални избори.

Затоа на 17 октомври ги очекува нов силен изборен пораз. Граѓаните уште еднаш ќе потврдат дека развојот на општините е можен единствено со СДСМ кој ја носи најдобрата понуда за секоја општина.​ ​