strumica denes logo

КОСТА КОСТАДИНОВ: ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ, ПРОМОВИРАНА НОВА ЛИНИЈА БЕСКАМАТНИ КРЕДИТИ КОВИД 4!

Автор:

Датум:

јули 8, 2021

Категории:

СДСМ

Автор:

Датум:

јули 8, 2021

Категории:

СДСМ

Коста Костадинов, пратеник од редовите на СДСМ:

⭕️Важна вест за граѓаните!

Промовирана е нова линија бескаматни кредити Ковид 4 наменета за занаетчиите, трговските поединци и приватните здравствени установи.

За оваа линија кредити преку Развојната банка ќе се обезбедат нови 10 милиони евра кои ќе завршат во стопанството.

Износот на кредитот ќе биде дефиниран во зависност од бројот на вработените и падот на приходите, и тој може да изнесува од 3.000 до 30.000 евра, додека роковите за отплата ќе се движат од 36 до 42 месеци со грејс период од 12 месеци.