strumica denes logo

(ВИДЕО) ВОВЕДНО ОБРАЌАЊЕ НА Д-Р ПЕТАР МАРКОВ – НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО НОВО СЕЛО!

Автор:

Датум:

јануари 20, 2021

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Автор:

Датум:

јануари 20, 2021

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Петар Марков, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Ново Село:

Почитувани граѓани на општина Ново Село,

Преку ова мое кратко воведно обраќање како претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, сакам да ве повикам да ми се придружите во една мисија чие остварување ќе значи затварање на едно темно поглавје од модерната историја на македонскиот народ и ќе отвори нови можности за поглед друга, нова, посветла иднина за генерациите кои доаѓаат.

Почитувани сограѓани, јас сум свесен дека ова е можеби најлошото време за човек да се најде на спротивната страна од власта, но за мене и за сите мои соработници, тоа е предизвик кој со задоволство го прифаќаме. Со презир ја отфрлам помислата дека треба да продолжиме да живееме во време во кое моите врсници мора да бидат дел од семејството на политички моќници или да заминат од државата за да го остварат нивниот потенцијал, тоа се моите другари и вашите деца.

Јас ќе ја платам секоја цена, ќе го понесам секој товар и ќе се соочам со сите тешкотии, ќе го поддржам секој пријател а ќе се спротивставам на секој ќе не попречи да го обезбедиме преживувањето и успехот на слободата.

Нашата држава, нашата општина и сите нејзини граѓани, сме доведени пред тежок избор во време кога навидум се достапни многу полесни. Доведени сме пред избор дали да бидеме неми набљудувачи на неправдите кои ни се случуваат или заеднички ќе се спротивставиме.

Јас како и многу граѓани не очекувам од власта да ги реши сите проблеми, но денес сме доведени до едно ново непознато дно од кое пружиме рака кон нешто многу по фундаментално. Денес имаме потреба да го кажеме она што го мислиме без да очекуваме чукање на нашата врата. Имаме потреба од можност да учествуваме во политички процеси без да трпиме последици и да знаеме дека нашиот глас ќе биде слушнат.

Секој разумен граѓанин на кому му смета ваквиот начин на владеење и сака да донесе промена, го поканувам да ја внесе својата критичка мисла најпрвин во рамките на нашата партија а потоа да ја насочи кон остварувањето на можностите за општествена промена.

Чувствувам дека има премногу кои мислат дека ова е невозможно, премногу мислат дека е нереално но ве уверувам дека тоа е опасна мисла, тоа е дефетистичко верување кое води кон заклучокот дека сме се помириле дека слободата е невозможна, дека правдата е недостапна, дека образованието срушено а младината осудена на пропаст.

И знам дека не е изненадување дека некои од луѓето се тргаат на страна, некои малку да одморат, а некои бидејќи се плашат да бидат идентификувани со нашата политичка организација. Тоа е уште еден показател за опресивното владеење на оваа власт и јас тие граѓани потполно ги разбирам. Но оваа земја не е создадена од оние кои се тргнале на страна, од оние кои чекале или од оние кои се понудиле за соработка на опресорите. Оваа држава е создадена од оние кои продолжиле напред, преку буни и востанија, кон потполна политичка зрелост која обезбедила независност на Република Македонија.

Јас и мојата генерација избираме да продолжиме напред, да се спротивставиме на секоја нелогичност, на секој криминал и на секоја неправда, не заради тоа што не се плашиме од власта, не заради тоа што не ја чувствуваме заканата кон нас и нашите семејства туку заради тоа што знаеме дека ако останеме неми ќе дозволиме неизбежна пропаст на генрациите кои доаѓаат.

Проблемите со кои се соочуваме се предизвикани од страна на луѓе и од луѓе можат да бидат решени. Со нашата енергија, со нашата верба и со нашата посветеност која ќе ја внесеме во оваа мисија ќе им го осветлиме патот на сите оние кои знаат дека вака повеќе не можеме да продолжиме.

И ако некој мисли дека ова е време без херои да знае дека не ги побарал таму каде што треба и не погледнал во себе. Нашата цел е победа, победа во очите на секоја злоупотреба и на секој терор, за да ги зачуваме нашите песни, нашиот јазик, нашата вера и традиција, нашата историја и нашата иднина.

Ви Благодарам.

Со КЛИК овде погледнете го видеото!