strumica denes logo

ВНИМАВАЈТЕ: ДО НЕДЕЛА ЌЕ ИМА ЗАСИЛЕНИ КОНТРОЛИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ТЕЛЕФОН ДОДЕКА ВОЗИТЕ

Автор:

Датум:

октомври 7, 2026

Автор:

Датум:

октомври 7, 2026

Од 5 до 11 октомври низ Македонија се спроведуваат засилени сообраќајни контроли во рамки на меѓународната кампања „Focus on the Road“ на ROADPOL, насочена кон непрописното користење мобилни телефони и други електронски уреди при учество во сообраќајот.

Акцијата истовремено се спроведува во 34 европски држави, со цел да се намалат ризиците предизвикани од одвлеченото внимание и да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Од МВР потсетуваат дека пишувањето пораки, телефонските разговори, проверувањето известувања и користењето социјални мрежи додека се управува возило значително го одвлекуваат вниманието од патот. Само неколку секунди невнимание можат да бидат доволни возачот навреме да не забележи опасност или да не успее соодветно да реагира.

Министерството за внатрешни работи апелира до возачите и сите останати учесници во сообраќајот да бидат одговорни и целосно фокусирани на патот.

Телефонот може да почека – безбедноста во сообраќајот не може.